Ветеранот Патрис Евра неодамна одлучи да стави крај на фудбалската кариера, а вчера се појави на церемонијата за извлекувањето на групите во улога на почесен гостин.
Церемонијата беше прилика да видиме познати имиња од минатото и сегашноста, а на фоторепортерите не им побегна поздравот кој го имаа Евра и Роналдо. Познато е дека Евра и Роналдо се добри пријатели од времето кога двајцата го носеа дресот на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради таквиот однос Евра се одлучи да се пошегува на сметка на Роналдо.
Евра на Твитер објави фотограгрија од нивната средба со опис:
Кристиано: Доаѓаш на ручек или не? Јас: Не : Ти благодарам, но само што се пензионирав, не ми е потребна уште една тренинг сесија.