Милан сака да го откупи Диого Далот од Манчестер јунајтед, но се соочува со голема конкуренција од Евертон, кој исто така има доволно пари за да ги задоволи барањата на фудбалерот и на нивниот ривал од Премиерлигата.
Далот пристигна минатата сезона во Милан и одигра солидна сезона, а сега италијанските медиуми пишуваат дека овој пат „росонерите“ не го сакаат Далот на позајмица, туку сакаат да го откупат неговиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Евертон, исто така, е заинтересиран за поранешниот член на Порто, а се шпекулира дека и минатата сезона бил на нивната трансфер-листа.
Далот му се приклучи на Јунајтед од Порто кога Жозе Мурињо беше на чело на „црвените ѓаволи“ за 22 милиони евра, колку што сега ќе мора да платат заинтересираните страни за да го добијат неговиот потпис.