Дома Фудбал Англија Евертон изедначи клупски рекорд од сезоната во која стана шампион во Премиер лигата!

Евертон изедначи клупски рекорд од сезоната во која стана шампион во Премиер лигата!

Тимот на Евертон сезонава после подолго време изгледа како сериозен конкурент за висока позиција во Премиер лигата.

Последната победа против Вест Хем од 4:1 со која обезбедија четвртфиналето во Карабао купот за нив беше шест во низа. Со тој триумф Евертон го изедначи клупскиот рекорд уште од далечната 1938/39. Интересно е што во оваа сезона Евертон стана шампион на Англија.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Евертон на првиот официјален натпревар во сезоната го победи Тотенхем со 1:0, следуваше триумф против Салфорд во Лига Купот (3:0), па победи од 5:2 против ВБА и Флитвуд, петтата победа ја остварија против Кристал Палас од 2:1, а шестиот како што споменавме против Вест Хем.

Утре против Брајтон во рамките од 4. коло тие ќе имаат можност да ја продолжат серијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

По повредата на Онана: Јунајтед се вклучи во трка за голман вреден 20 милиони евра

Манчестер Јунајтед се приморани да бараат нов голман поради повредата на Андре Онана, која…