На една од најголемите трансфер саги во историјата на фудбалот конечно дојде крајот. Килијан Мбапе (25) на лето доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч и ќе потпише петгодишен договор со Кралскиот клуб.
Веста ја потврдија сите водечки светски медиуми, а се очекува Реал официјално да ја објави дури кога ќе биде целосно јасно дека ПСЖ и мадридскиот клуб оваа сезона повеќе не можат да се сретнат во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Британскиот Би-Би-Си сега открива дека Мбапе ќе заработува 15 милиони евра по сезона во Реал, што всушност не е толку многу во споредба со другите играчи на Реал.
Според достапните извори, Лука Модриќ во Реал има плата од речиси 22 милиони евра годишно, а во моментов најплатен е Тони Крос со годишна плата од 24,3 милиони евра.
Други извори тврдат дека Французинот ќе има нешто повисока основна плата во рангот на Џуд Белингем, кој заработува 20,8 милиони евра по сезона.
Сепак, само за потпишувањето на договорот, Мбапе ќе заработи дополнителни 150 милиони евра како бонус што ќе му биде исплатен во текот на договорот, што го носи неговиот вкупен приход во Реал на 45 милиони eвра годишно. Дополнително, Французинот ќе добие и процент од продажбата на артикли и дресови кои го носат неговото име, па тешко е да се даде конечна проценка колку вкупно ќе заработи.
Исто така, интересно е да се истакне дека Мбапе ќе го носи бројот 10 во Реал само доколку капитенот на хрватската репрезентација го напушти клубот на лето, што се очекува да се случи.
Според тоа, Мбапе ќе заработи многу пари во Реал, но сепак помалку од претходно во ПСЖ, што сугерира дека неговата одлука се водела повеќе од фудбалски отколку од финансиски причини.