Дома Фудбал Репрезентации Еве зошто Србија нема да го отпушти Пикси

Еве зошто Србија нема да го отпушти Пикси

Репрезентацијата на Србија нема да го промени селекторот и покрај елиминацијата од Европското првенство во групната фаза.

Пред Европското првенство Пикси потпиша договор со Србија до 2026 година и како што дознава „Спортклуб“ него го штити клазула од дури еден милион евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Денеска медиумите во Србија пренесуваат дека во тие моменти се водела битка околу неговото продолжување на договорот, а еден од главните противници му бил потпретседателот на ФСС, Бранислав Недимовиќ. На Пикси му бил понуден договор во кој имало клазула со елиминација во групната фаза автоматски да добие отказ. Пикси не попуштил и останал на својот став дека не сака таква клазула.

На крајот успеал да го „истера“ своето, па сега ако сакаат Србите да го отпуштат ќе мора да му исплатат еден милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Земјотрес“ во Мајами: Познато каде Меси ја продолжува кариерата – причината е милијарда долари

Лионел Меси, најголемата ѕвезда во МЛС лигата и според многумина еден од најдобрите играчи…