Хрватската легенда и еден од најголемите играчи во историјата на „Лиг оф леџендс“, Лука Перкз Перковиќ се сели во САД.
Перкз е претставен како нов играч на американската екипа „Клоуд9“ што значи дека заминува од „Г2“ кој го водеше до осум европски титули. Се шпекулира дека „Клоуд9“ за Перкз платил дури пет милиони долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„2021 година ќе биде прва во која Северна Америка ќе биде подобропласирана од Европа. Гледајте ме“, најави Перкз на Твитер.
2021 will be the first year NA places higher than EU
— Luka (@G2Perkz) November 20, 2020
Watch me 😉 https://t.co/zTyFiSpagm