Дома Останати Кошарка Дурант класа си, но ова не е спортски: Бараше замена, затоа што противникот е преслаб?! (ВИДЕО)

Дурант класа си, но ова не е спортски: Бараше замена, затоа што противникот е преслаб?! (ВИДЕО)

Во натпреварот на Голден Стејт изминатата ноќ камерите забележија еден интересен момент.

Актуелниот НБА шампион лесно излезе на крај со Вашингтон Визардс и славеше победа од 144:122 во натпреварот одигран во „Ораки Арената“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Стеф Кари ги разби Визардси постигнувајќи 51 поен, но после натпреварот се зборува и за непрофесионалниот гест на Кевин Дурант.

Камерите забележија момент кога Дурант побара да излезе од игра алудирајќи на тоа дека нема причина да биде на паркетот против така слаб ривал.

Дурант уфрли 30 поени, забележа седум асистенции и запиша осум скокови. Сепак без оглед на класата која никој не му ја оспорува ваков гест може да се протолкува како неспортски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пркоси на границите на физиката, но и на медицината: Јокиќ ги изненади сите во Торонто (Видео)

Најдобриот кошаркар во светот Никола Јокиќ беше присутен на ноќешната победа на Денвер Наг…