Во средата беше одигран натпреварот помеѓу Џенова и Јувентус од десетото коло во Серија А, а после тој натпревар се крена голема прашина во јавноста поради пеналот во последната секунда со кој Јувентус стигна до победа.
Џенова и покрај тоа што играше со играч помалку од 51-та минута кога беше исклучен Касато се до 87-та кога кај Јувентус црвен картон заработи Рабио сепак имаше 1:1 се до 96-тата минута кога Роналдо погоди од пенал.
Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
Тој пенал беше предмет на многу коментари после натпреварот.
Еве го дуелот на Роналдо и Санабрија во супер забавена снимка. Каква е вашата проценка има ли контакт доволен за најстрога казна?
— Stefan (@StefanDaskalov) November 1, 2019