Дома Фудбал Англија Дрогба „удри“ по Челзи: Повеќе не го препознавам својот клуб

Дрогба „удри“ по Челзи: Повеќе не го препознавам својот клуб

Челзи немаше апсолутно никакви шанси во двомечот против Реал Мадрид и „кралевите“ лесно со победи од по 2:0 во двата натпревари се пласираа во следната фаза.

Во вчерашниот натпревар двоен стрелец во второто полувреме беше Родриго во 58-та и 80-тата минута и тоа беше крај на европскиот сон за „сините“.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Критики за Челзи по оваа средба испрати легендарниот фудбалер на „сините“, Дидиер Дрогба.

„Овој клуб имаше класа во текот на ерата на Роман Абрамовиќ, но денес ја нема. Тешко ми е да гледам како се ослободија така лесно од некои луѓе…Би требало да се вратат на приципитет и вредностите кои клубот ги негуваше. Повеќе не го препознавам својот клуб“, изјави разочараниот поранешен играч на „Челзи“.

На прес-конференцијата, новинарите го запрашаа и Лампард за оваа изјава на Челзи, а неговиот одговор беше краток.

„Тоа се зборови на Дрогба“, прокоментира Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигат договор: Менди во Реал до 2027 година!

Реал Мадрид и Ферлан Менди постигнаа договор да ја продолжат соработката до 2027 година, п…