Дома Македонски спорт Мак ракомет ДРАМА СО ТАЖЕН КРАЈ: Вардарки ја допреа титулата, Ѓер ја крена

ДРАМА СО ТАЖЕН КРАЈ: Вардарки ја допреа титулата, Ѓер ја крена

Ракометарките на Вардар уште еднаш не успеаа да дојдат до европскиот трон, откако после продолженија го загубија драматичното финале против Ѓер.

Вардарки изгледаа немоќно на стартот. Унгарскиот тим имаше водство од 4-1 и 7-4. Но потоа се променија работите и на полувремето заминавме со 9:9.


Во целото второ полувреме имавме водство. Вардарки беа блиску до титулата, на 20 секунди до крајот имаа гол предност и играч повеќе, но не успеаа да се одбранат. Аморим Талеска израмни на 9 секунди до крајот, а Ѓер се одбрани во последниот напад и избори продолжение.

Во продолжението Ѓер на крилјата на публиката во еден момент дојде до 3 гола предност, но Вардарки со два брзи гола успеаа да се вратат за нова драма. Во последниот напад ја пресековме топката и имавме контранапад за израмнување и пенали, но Киш го одбрани шутот на Чанаџија за конечни 27:26 и одбрана на титулата на Ѓер.

Грот со осум и Аморим со шест гола беа најефикасни во тимот на Ѓер, а кај Вардар блескаше Лејно со 18 одбрани, а најефикасни беа Лекиќ со шест и Радичевиќ со четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…