Хрватска и Шпанија го одиграа највозбудливиот натпревар на Европското првенство, а на крајот „црвената фурија“ излезе како победник.
Шпанија во осминафиналето игра против Хрватска и подобро го отвори мечот, создаде неколку шанси, но во 19-та минута следуваше шок. Педри од средината на теренот ја врати топката до голманот Симон, овој беше невнимателен и топката заврши во голот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сарабија во 38-та минута израмни на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Шпанија доминираше и дојде до водство со голот на Аспиликуета, а Торес во 77-та минута зголеми на 3:1.
И кога се мислеше дека победникот е решен, „коцкестите“ во само пет минути постигнаа два гола. Најпрво Орсиќ ја врати надежта во 85-та минута, а потоа му асистираше на Пашалиќ во 91-та минута за 3:3, па натпреварот замина во продолженија.
Во продолженијата најпрво голема шанса имаше Крамариќ, а потоа стигна казна преку Мората кој ја донесе Шпанија во водство, а конечните 5:3 ги постави Ојарзабал.