Дома Фудбал Германија Дортмунд со критики за Халанд: Тој ни стана товар во соблекувалната

Дортмунд со критики за Халанд: Тој ни стана товар во соблекувалната

Ерлинг Халанд реши ова лето да направи следен чекор во кариерата и ја напушти Борусија Дортмунд, па се пресели во Манчестер Сити.

Сепак, за Халанд немаше добри зборови од Дортмунд, иако беше омилен меѓу навивачите. Спортскиот директор на „милионерите“, Себастијан Кел изјави дека Норвежанецот бил товар во соблекувалната.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Колку и да го ценевме и се уште го цениме, тој веќе стана товар за соблекувалната и за клубот. И покрај се што направи за нас, тој на крајот се претвори во товар. Сите работи се вртеа околу него и тоа за мене не е добро. Токму поради тоа го продадовме, направивме добра работа за нас, но и за Сити. Тоа го потврдува и податокот кој вели дека оваа сезона десет гола дадоа десет различни стрелци, тоа е добро за нашиот тим“, изјави Кел.

„Посакувам да бевме сигурни во заминувањето на Халанд малку порано бидејќи тоа ни ги ограничи подготовките. Без него имаме можност да им веруваме на другите играчи“, додаде спортскиот директор на „милионерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Азар го удри како дете во 2013 година на натпревар – сега има капитал од 170 милиони евра

Се ближеше крајот на тесниот натпревар на стадионот Либерти во јануари 2013. Резултатот ме…