Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ повторно лидер на Далас: Стигна до трипл-дабл со над 40 поени! 🎥

Дончиќ повторно лидер на Далас: Стигна до трипл-дабл со над 40 поени! 🎥

После двата порази во низа Далас се врати на победите во НБА лигата и тоа повторно благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ.

Далас славеше победа против Портланд од 117:112, а во овој натпревар Словенецот стигна до трипл дабл со 42 поени, 13 скока и 10 асистенции. За Дончиќ ова беше трет трипл-дабл во кариерата во кој постигнува 40+ поени. Во редовите на Портланд поентерски расположен беше Џереми Гранд кој постигна 37 поени.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од останатите натпревари за издвојување е Џејсон Тејтум од Бостон кој постигна 43 поени и имаше уште 10 скока во победата на Бостон на гости кај Детроит. За Селтикси ова е веќе петта победа во низа и го „Бркаат“ Милвоки на врвот во Источната конференција.

40 поени надмина и Ембид од Филаделфија. Зад неговото име тој запиша 42 поени, 10 скока и шест асистенции во триумфот против Атланта. Тре Јанг оствари дабл-дабл од 27 поени и 11 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Њу Орлеанс – Хјустон  119-106, Далас – Портланд 117-102 Мајами – Шарлот 132-115 Филаделфија – Атланта 121-109 Индијана – Торонто 118-104, Детроит – Бостон 108-117 Вашинтон – Јута 121-112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…