Лука Дончиќ игра фантастично оваа сезона во дресот на Далас Маверикс, а вчера пред мечот против Бруклин нетс направи потег кој сите ги воодушеви.
Далас пред домашната публика го урна ѕвездениот тим на Бруклин со 96-94, а до победата повторно ги предводеше Дончиќ со 36 поени, шест скокови и шест асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, на загревањето пред натпреварот словенечкиот кошаркар ги воодушеви сите откако постигна кош со рамо и покажа уште еднаш дека е голем мајстор.
Дончиќ во досегашниот дел од сезоната има просек од 36 поени, 8,6 асистенции и 8,3 скокови по натпревар.