Дома Останати Кошарка Дончиќ и покрај 46 поени скромен: Ништо не направив, платен си да победуваш

Дончиќ и покрај 46 поени скромен: Ништо не направив, платен си да победуваш

Лос Анџелес Клиперси ќе играат во полуфиналето на Западот против Јута. Тимот од Лос Анџелес во седмиот одлучувачки натпревар го побеид Далас со 126:111 и се пласираше во следната рунда.

Најдобар играч на Далас беше Лука Дончиќ кој одигра чудесен натпревар, но тој не беше доволен. Словенецот постигна 46 поени со што го изедначи личниот рекорд во НБА лигата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Иако одигра навистина одлично, Дончиќ порача дека ништо не направил кога тимот бил елиминиран.

„Не направив ништо. Два пати стигнавме до плеј-офот и два пати испаѓавме во првата рунда. Платен си за да победуваш, а јас не успеав“.

Далас имаше 2:0 и 3:2 во серијата, но на крајот Клиперси се радуваа. Дали на Далас му е потребна реконструкција?

„Тоа е прашање за управата на клубот, не за мене. Јас сум само играч“, одговори Словенецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ се врати во Србија и покажа како се подготвува за следната сезона (Видео)

Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар на планетата, но дајте му топка и ќе биде најдобар во с…