Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ и Далас се во големото финале!

Дончиќ и Далас се во големото финале!

Кошаркарите на Далас се пласираа во финалето на НБА лигата oткако на гостински терен ја совладаа Минесота со 124:103 во петтиот натпревар од финалето на плејофот на Западната конференција.

Далас ја победи Минесота со 4:1 и ја освои шампионската титула на Западот, а во големото финале ќе игра против Бостон, кој ја победи Индијана со 4:0. Далас до победата го предводеа Лука Дончиќ со 36 поени, од кои 20 постигна во првата четвртина, а имаше и 10 скока и пет асистенции и Кајри Ирвинг со 36 поени, пет асистенции и четири скока.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Кога отидов да спијам претходната вечер, имав најголема самодоверба, а имав најголема доверба во тренинзите за шутирање наутро. Се чувствував како да го играм еден од најдобрите натпревари”, изјави Ирвинг.

Во победата придонесе и Пи Џеј Вашингтон со 12 поени и седум скока, Даниел Гафорд со 11 поени и девет скока, а Дерик Лајвли уфрли девет поени и додаде осум скока. Далас до полувремето имаше 29 поени предност, во третата четвртина имаше предност од 36. На крајот ја задржа предноста и првпат по 2011 година, кога ја освои титулата, се пласираше во финалето на НБА.

Во тимот на Минесота најефикасен беше Карл Ентони Таунс со 28 поени со 12 скока и Ентони Едвардс со 28 поени со девет скока и шест асистенции. Руди Гобер додаде девет поени и пет скока, а Џејден МекДаниелс осум поени.

Финалната серија започнува во Бостон на 6-ти јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…