Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ ги „уништи“ Клиперс, Сакраменто постигна 153 поени 🎥

Дончиќ ги „уништи“ Клиперс, Сакраменто постигна 153 поени 🎥

Тимот на Далас изминатата ноќ во интересен натпревар славеше победа против Клиперс со 103:101.

Не изгледаше дека натпреварот ќе влезе во неизвесна завршница кога Мавси во еден момент имаа и 35 поени предност, сепак до крајот тимот од Тексас попушти во играта и им дозволи на Клиперси да се вратат во натпреварот. Заостанувањето беше големо, па така се што можеа е само да приредат неизвесна завршница.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Најдобар поединец во редовите на Далас беше Лука Дончиќ со 35 поени, кај Клиперси Пол Џорџ постигна 23 поени.

За издвојување е и Сакраменто кој во победата над Бруклин успеа да постигне и 153 поени. Кингс беа подобри со резултат 153:121. Теренс Дејвси беше прво име кај победникот додека кај поразените Дурант го заврши мечот со 27 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Њу Орлеанс – Мемфис 113-102, Јута – Њујорк 111-118 и Портланд – Сан Антонио 117-110, Сакраменто – Бруклин 153:121, Далас – Клиперси 103:101.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…