Oткако пред неколку дена беа објавени стартните петорки за „Ол Стар“ натпреварот кој ќе се игра на 20. февруари во Кливленд сега се избрани и резервистите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лука Дончиќ не се најде меѓу стартната петорка, но ќе чека шанса од клупата за резерви. Заедно со Дончиќ во резервите на Западот се: Девин Букер (Феникс), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Руди Гобер (Јута), Донован Мичел (Јута), Крис Пол (Феникс) и Карл Ентони Таунс (Минесота).
На Истокот за резерви се избрани: Џими Батлер (Мајами), Дариус Гарланд (Кливленд, прв настап), Џејмс Харден (Бруклин), Зек Лавајн (Чикаго), Крис Мидлтон (Милвоки), Џејсон Тејтум (Бостон) и Фред ван Влит (Торонто, прв настап).