Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ беше одличен, но Лилард и Портланд беа подобри, Јокиќ доминираше против шампионот! 🎥

Дончиќ беше одличен, но Лилард и Портланд беа подобри, Јокиќ доминираше против шампионот! 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.

Лука Дончиќ одново одигра одличен натпревар, но и таквиот негов настап не беше доволен за победа на Далас. Далас играше на домашен терен против Портланд и запиша пораз од 118:121.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Дончиќ постигна 44 поени, но промаши тројка за продолженија. Портланд победи најмногу благодарение на Демијан Лилард кој постигна 34 поени и подели 11 асистенции.

Одлична вечер зад себе имаше и Никола Јокиќ кој проитив ЛА Лејкерси го оствари шестиот трипл-дабл оваа сезона. Имаше учинок од 23 поени, 16 скокови и 10 асистенции.

Нагентси го решија мечот во своја корист 122:105, а актуелните шампион можат да бидат загрижени поради повредата на Ентони Дејвис. Дејвис се повреди кон крајот на вториот период. Кај Лејкерси најефикасен беше Леброн со 22 поени.


НБА РЕЗУЛТАТИ: Денвер – ЛА Лејкерс 122:105, ЛА Клиперс – Кливленд 128:111, Сакраменто – Мемфис 110:124, Феникс – Орландо 109 – 90, Оклахома – Милвоки 114:109, Далас – Портланд 118:121, Детроит – Њу Орлеанс 123:112, Шарлот – Сан Антонио 110:122, Торонто – Минесота 112:116, Вашингтон – Бостон 104:91.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн конечно ја зав…