Maкедонскиот второлигаш Тетекс поминува низ тежок период и подолго време клубот се соочува со финаниска криза и поради тоа потребна му е помош од секаде.
Имено, Тетекс веќе отвори опција да се донира онлајн, а секој кој сака може тоа да го направи – ТУКА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово во последните години ги доживува најтешките моменти од своето постоење во поглед на финансиите. Затоа потребна му е нашата поддршка, поддршката од сите симпатизери, сите тетовчани, сите Војводи, сите Македонци и сите љубители на фудбалот и спортот.
Сите сега сме му потребни на Тетекс, од оние кои живеат во Тетово и насекаде низ Македонија, па се до оние кои живеат на другиот крај од светот. Тетекс, Тетово, Војводи и Македонија ќе ви бидат благодарни за секое одвоено финансиско средство со цел помош на ФК Тетекс Тетово“, стои во објавата на тетовскиот клуб.
Првата полусзеона во Втората лига Тетекс ја заврши на 11-тата позиција со само шест бода над опасната зона.