Барселона е спремна за дијалог со Ла Лига, но не е исклучена можноста за превземање на нови мерки како што се затварање на вратите на „Камп Ноу“, кошаркарската сала и слично, изјави Маноло Оливерос.
Па така многу веројатно е дека би можела да се повтори ситуацијата од неделниот натпревар помеѓу Барселона и Лас Палмас кога трибините на „Камп Ноу“ беа празни, со цел да се привлече светско внимание на ситуацијата во Каталонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Притоа, истиот извор ја наговести намерата на клубот да продолжи да игра во Примера, Лига на шампиони и Купот на кралот, дури и ако Каталонија стане независна држава.
Извори од клубот тврдат дека Барселона планира да продаде неколку играчи во јануари со цел да донесе нови засилувања и дека ситуацијата околку новиот договор на Меси наскоро ќе биде решена.