ПСЖ вчера го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а денес медиумите пренесуваат дека во Париз донеле одлука да го откупат Нуно Мендеш од Спортинг Лисабон.
Мендеш во ПСЖ пристигна пред почетокот на сезоната и се покажа како одлично засилување. Во договорот на 19-годишниот лев бек стои клазула според која ПСЖ може да го октупи од Спортинг за дополнителни 40 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
И вчера против Реал Мадрид Мендеш беше еден од најдобрите на теренот. Со него и Ашраф Хакими на другата страна ПСЖ го има еден од најдобрите тандем бекови во европскиот фудбал.
Овој тандем бекови парижаните би ги чинел вкупно 117 милиони евра со оглед на тоа дека за Хакими летово платија 70 милиони евра.