Репрезентацијата на Италија вчера се собра за да се подготви за претстојните натпревари во Лигата на нациите, а прв кој се одзва на повикот е голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.
„Ние сме одличен тим. Дишевме еден за друг и заслужено славевме во тој натпревар“, изјави Донарума за победата на Милан изминатиов викенд над Рома.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Наследникот на Буфон на голот на Италија најави дека амбициите на „Сан Сиро“ се зголемени и дека сакаат што подобри резултати.
„Јас сум мирен човек. Работам напорно од ден во ден и имам желба да напредувам. Сакам да му помогнам на тимот да го вратиме Милан таму каде што му е местото, а тоа е Лигата на Шампионите“.