Дома Фудбал Италија Донарума по ремито: Среќен сум во Милан!

Донарума по ремито: Среќен сум во Милан!

Тимот на Милан во деншниот натпревар против Фиорентина ремизираше 1:1.

Овој натпревар за младиот голман Џанлуиџи Донарума беше 100 во дресот на „росонерите“ иако има само 19 години.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


За жал, не го обележа со победа, а италијанските новинари и понатаму најмногу ги интересираше дали тој ќе остане во Милан.

„Имам договор на четири години и среќен сум тука“, порача Донарума.

Кога во прашање е деншниот натпревар во Фиренца, младиот голман не е незадоволен со конечниот епилог.

„Добро реагиравме по примениот погодок и се изборивме за изедначување. Навистина е прекрасно да одиграте 100 натпревари за Милан“, истакна Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гулер погоди од 60 метри – ова е гол кој ќе го обиколи светот (Видео)

Реал Мадрид без поголемиот дел од првиот тим го угости Елче, и сепак стигна до рутинска по…