Дома Топ вести Донарума незадоволен во ПСЖ, сака да се врати во Серија А

Донарума незадоволен во ПСЖ, сака да се врати во Серија А

Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан и се пресели во ПСЖ, но не е задоволен од својот статус во Париз.

Покетино во првите натпревари предност му даде на Кејлор Навас, а Донарума беше на клупата за резерви.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Младиот Италијанец одигра само два меча, а посебно е разочаран што не игра во Лигата на шампиони.

Донарума го загуби трпението и веќе му се пожалил на неговиот агент Мино Раиола.

Донарума сака да игра и е лут на Раиола што не му обезбедил трансфер во клуб каде ќе му биде гарантирано место во стартниот тим.

Италијанските медиуми пренесуваат дека следното лето Донарума може да се врати во Серија А и дека Раиола работи на негов трансфер во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тоа што и се случи на Србија не се случило на никоја друга репрезентација на ЕП

Репрезентацијата на Србија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако со ремито…