Дома Фудбал Италија Донарума може да остане и да биде капитен на Милан

Донарума може да остане и да биде капитен на Милан

Иднината на Џиџо Донарума се уште е главна тема во италијанските медиуми, бидејќи договорот на голманот истекува на крајот на сезоната.

Преговорите помеѓу Милан и Раиола се „замрзнати“ бидејќи неговиот менаџер Мино Раиола смета дека понудата од 8 милиони евра по сезона е ниска.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во последните денови се шпекулираше дека Донарума ќе ја продолжи кариерата во Јувентус, но сега работите се променија.

Приоритет на Донарума е да игра во Лигата на шампиони, а во моментов Милан е поблиску до ЛШ во споредба со Јувентус.

Италијанските медиуми тврдат дека Донарума сега е спремен да ја прифати понудата на „росонерите“, а клубот е спремен да му ја даде капитенската трака, која во моментов е во сопственост на Ромањоли.

Ромањоли го загуби местото во стартниот тим и може да биде продаден ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Брујне нема да ја носи легендарната „десетка“ на Марадона

Белгискиот ас Кевин Де Брујне и официјално е едно од најголемите засилувања на Наполи во п…