Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Докторот на Данска: Кога стигнавме до него тој дишеше, но состојбата брзо се смени

Докторот на Данска: Кога стигнавме до него тој дишеше, но состојбата брзо се смени

Докторот на данската репрезентација раскажа што се случувало кога пришол да му помогне на фудбалерот кој без свест лежеше на тревата.

Претставниците на лекарскиот тим на Интер, дадоа изјава во која велат дека нивниот играч Кристијан Ериксен без проблеми ги минал сите прегледи, и дека кај него не се забележани било какви срцеви проблеми, ниту имал коронавирус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Засега причината за колапсот на Ериксен за време на мечот Данска – Финска не е позната, но се претпоставува дека имал срцев удар.

Откако на Ериксен 15 минути на терен му беше давана лекарска помош, тој беше пренесен во болница, а детали од борбата за животот на фудбалерот искажа докторот на данската репрезентација, Мортен Боесен.

„Кога стигнавме до него, тој дишеше. Но, состојбата се смени многу брзо, и почнавме со масажа на срцето. Добивме фантастична помош од докторот од стадионот и другите лица од брзата помош.

Благодарение на заедничката соработка со нив, успеавме да го вратиме Кристијан. Пред да го однесат во болница, тој зборуваше со мене“ – раскажа Боесен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…