Многу ефикасна празнична програма на Островот. Фаворитите остварија сигурни победи, а Сити и Лестер одиграа меч со девет голови.
Манчестер Сити фуриозно го започна натпреварот и после првите 25 минути веќе имаше предност од 4:0.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Де Бруј го отвори резултатот во 5-та минута, а неколку минути подоцна Марез големи на 2:0. До крајот на полувремето погодија Гундоган и Стерлинг за високи 4:0.
Иако се чинеше се готово, „лисиците“ во второто полувреме се погрижија за драма и стигнаа до 4:3 до 66-та минута. Кратко траеше неизвесноста бидејќи Лапорте неколку минути подоцна погоди за 5:3, а конечниот резултат го постави Стерлинг.
Тотенхем беше сигурен на домашен терен и со 3:0 го победи Кристал Палас, додека Арсенал пукна „петарда“ на гостувањето кај Норвич. Вест Хем и Саутемптон одиграа драматичен натпревар, кој на крајот им припадна на гостите (2:3).