Дома Фудбал Останато Додека ја чека Златната топка Меси доби друго признание

Додека ја чека Златната топка Меси доби друго признание

МИФИС ги избра најдобрите плејмејкери за 2019. година

Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (МИФИС) на Лионел Меси му ја додели наградата за најдобар плејмејкер/организатор на светот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Додека Меси чека да биде крунисан како крал и да ја освои шестата титула на Златната Топка, Аргентинецот доби уште едно признание.

МИФИС го прогласи за најдобар плејмејкер за 2019. година со 299 бодови, а позади себе го остави офанзивецот на Манчестер Сити – Кевин Де Бруjн кој имаше само 85 бодови, што доволно објаснува за доминацијата на 10тката на Барселона во оваа конкуренција.

Третото место со 55 бодови го завзема Еден Азар од Реал Мадрид, четвртото Бразилецот кој настапува за Ливерпул – Роберто Фирмино, па следуваат Бернардо Силва (Манчестер Сити), Душан Тадиќ (Ајакс), Френки Де Јонг (Барселона), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Антоан Гризман (Барселона) и Вијналдум (Ливерпул).

Играчот за врска на Реал – Лука Модриќ заврши на 11. место а Миралем Пјаниќ (Јувентус) на 12. со 11 постигнати бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски одговори на шпекулации за пензија

Иако некои извори пишуваа дека Роберт Левандовски размислува за заминување во пензија доко…