Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за крилниот напаѓач на Бриж, Арно Греневелд, но последните информации се дека тој е многу поблиску до трансфер во Серија А.
Греневелд игра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Бриж веќе одби една понуда од 10 милиони евра од страна на италијански Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, „росонерите“ не се откажуваат од Холанѓанецот и испратиле нова понуда од 15 милиони евра, па „Газета дело Спорт“ тврди дека трансферот е пред реализација.
Двата клуба се блиску до договор, но се уште не е јасно дали Греневелд ќе се пресели на „Сан Сиро“ веднаш, или ќе остане на позајмица во Бриж до крајот на сезоната.
21-годишниот крилен напаѓач се пресели во Бриж од НЕЦ Нимеген за 1 милион евра минатото лето, а до овој момент одигра 15 меча на кои постигна 5 гола и запиша 4 асистенции.