Додека играчите се на принуден одмор поради ситуацијата со коронавирусот порталот за статистика „Опта“ ги објави најдобрите 11 во досегашниот дел од сезоната.
Во нивниот избор на голот се најде Шчесни (Јувентус), а во последната линија се: Квардадо (Јувентус), Де Фрај (Интер), Ачерби (Лацио) и Тео Ернандез (Милан).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Место во средниот ред добија: Миралем Пјаниќ (Јувентус) и Фабиан Руиз (Наполи). Пред нив се: Иличиќ (Аталанта), Луис Алберто (Лацио) и Кристиано Роналдо (Јувентус).
Најистурен во нападот е Чиро Имобиле (Лацио).
Првенството во Серија А е суспендирано до 3. април, а потоа во зависност од ситуацијата ќе биде донесена одлука за продолжување на суспензијата или враќање на фудбалерите на терен.