Баерн Минхен донесе конечна одлука и сигурно ќе го откупи договорот на францускиот репрезентативец, Квинсли Коман кој е на позајмица од Јувентус.
Коман пристигна во Баерн на двегодишна позајмица за која Баварците платија 7 милиони евра, но на крајот на сезоната ќе имаат можност да го откупат во целост неговиот договор за додатни 20 милиони евра.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Коман во својата втора сезона не игра баш на највисоко ниво, но сепак челниците на баварскиот гигант одлучија да ја активираат клаузулата за негов целосен откуп.
„Имаме опција до 30 април да го откупиме неговиот договор. Мислам дека готово сигурно ќе го направиме тоа и Коман ќе остане во Баерн и следната сезона“, изјави извршниот директор на Баерн, Румениге.