Според тврдењата на добро упатениот новинар со случувањата во НБА лигата, Кевин Дурант ќе ги напушти Вориорсите.
Маркус Томпсон тврди дека шампионот Голден Стејт се подготвува за живот после Дурант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дурант следната година ќе биде слободен агент и како што Томпсон тврди сака да се проба во друг клуб каде што не би бил толу голем фаворит за шампионските прстен.
„Изгледа како веќе да одлучил, Голден Стејт и оваа година е фаворит и ако го освои третиот прстен, тој ќе замине. Не знам каде, не знам што точно сака, само знам дека сака да покаже дека може да освои титула и со друг тим“.
„Дали тоа значи дека ќе му се придружи на Леброн или ќе замине во Никси, можно е да му соопшти на Голден Стејт дека повеќе нема што да даде за овој клуб и дека е време за промена“, тврди Томпсон.
Треба да се потсети и дека во текот на летото се појавуваа вакви информации.