Добри вести пристигнуваат од Австралија Опен пред првиот овосезонски Грен Слем турнир.
Сите 507 тенисери и други лица на Австралија Опен кои престојувале во хотелот каде што се појави човек со позитивен тест се негативни на Ковид-19 и така им е одобрено учество на ттурнирот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Сите кои се тестираа се негативни“, изјави директорот на турнирот Крег Тилеј.
Ќе потсетиме, Австралија Опен започнува во понеделник, а на трибините е дозволено да има навивачи со 50% од капацитетот.
Коментари