Дома Фудбал Италија Добри вести за навивачите на „старата дама“: Јувентус и Манџукиќ се договорија!

Добри вести за навивачите на „старата дама“: Јувентус и Манџукиќ се договорија!

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ важи за еден од најважните играчи на торински Јувентус.

Иако во мај ќе наполни 33 години, торинскиот тим на хрватскиот напаѓач одлучи да му го продолжи договорот на уште една година, односно до 2021 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот договор на Манџукиќ важи до 2020 година, а со продолжувањето на договорот ќе добие и поголема плата. Таа ќе изнесува 4.5 милиони евра со дополнителни бонуси, што е за пола милион повеќе од сегашната.

Договорот помеѓу двете страни е постигнат. Сепак ќе треба да се почека официјалната потврда од клубот. Медиумите во Италија тврдат дека таа ќе ја добиеме после натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Манџукиќ во Јувентус пристигна во 2015 година. Хрватот пристигна токму од редовите на Атлетико и се покажа како одлично засилување за „старата дама“.

Поради својот карактер и борбеност Манџукиќ е еден од омилените играчи на торинскиот гигант, а постигна и голем број важни голови.

Во претходните три ипол години хрватскиот фудбалер одигра вкупно 156 натпревари и постигна 43 погодоци од кои девет ги постигна оваа сезона.

Претходно Манџукиќ во кариерата настапуваше уште за Атлетико, Баерн, Волфсбург, Динамо, Марсониа и Загреб.

Ќе потсетиме неодамна после завршувањето на Светското првенство Манџукиќ стави крај на репрезентативната кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…