Играчот за врска на Милан, Тиму Бакајоко ги обнови тренинзите и ќе биде на располагање за вечерашниот меч со Порто во Лигата на шампиони.




Бакајоко ова лето се врати во Милан на позајмица од Челзи, но одигра само неколку минути на мечот против Лацио и заработи повреда.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
27-годишниот Французин веќе е целосно рехабилитиран и почна да тренира со останатите соиграчи.




Пиоли го повика за денешниот дуел со Порто, но Бакајоко сигурно нема да биде во стартниот состав.