Италијанските медиуми пренесуваат дека најверојатно Лукас Биглија ќе биде спремен за финалето од Купот против Јувентус кое на програмата е во среда.
Аргентинецот е надвор од терените од 21 април кога заработи повреда на два лумбални пршлени на мечот со Беневенто.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Првичните прогнози беа дека сезоната за Биглија е завршена, но играчот за врска се опорави порано од предвиденото и денес тренираше со остатокот од тимот.
Се уште не е сигурно дали Биглија ќе добие дозвола од лекарите за наспат, но најверојатно ќе биде повикан и ќе го почне мечот од клупата за резерви.