Дома Фудбал Франција Добри вести за Аргентина и ПСЖ: Меси се враќа порано од очекуваното

Добри вести за Аргентина и ПСЖ: Меси се враќа порано од очекуваното

Лионел Меси повторно се повреди и нема да игра против Бордо, меѓутоа според последните најави од медицинскиот тим на францускиот тим тој ќе се врати порано од очекувањата на терените.

Како што се најавува Меси ќе биде спремен да се врати на терените за дербито со Бразил во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Секако, ова е одлична вест за Аргентина, но и за ПСЖ затоа што на него ќе може да смета веднаш по завршувањето на репрезентативната пауза.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Повредата Меси ја заработи во натпреварот од француското првенство против Лил кога беше заменет на полувремето, првите прогнози беа дека на теренот ќе го видиме кон средината на декември. Сепак, како што стојат работите тој ќе биде подготвен и за последното коло во Лигата на шампионите кое се игра на почетокот на декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…