Дома Топ вести Добра вест: Роналдо сепак ќе игра во Скопје!

Добра вест: Роналдо сепак ќе игра во Скопје!

Тоа што Кристиано Роналдо порано го заврши Купот на конфедерациите е добра вест за сите нас во Македонија.

Имено, мадридкиот весник „АС“ тврди дека Роналдо ќе биде во комбинација за Суперкупот на Европа, натпревар кој се игра на „Филип Втори Арена“.


Роналдо, според програмата за работа на Зинедин Зидан, има право на 30 дена одмор по последниот натпревар на Португалија на Купот на конфедерациите. Со оглед на тоа што Португалија загуби во полуфиналето, а Роналдо од вчера веќе го користи својот одмор, и дефинитивно на 31. јули треба да се врати на тренинзите на „кралскиот“ клуб.

Се очекува сега играчот да почне да тренира на 1. август, една недела пред дуелот со Манчестер јунајтед во Суперкупот на Европа и да биде подготвен за настап во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бонучи се враќа во Јувентус – позната е неговата нова улога

Леонардо Бонучи би можел во скоро време да се врати во Јувентус, овој пат во тренерска уло…