Дома Трансфер зона Добивме ли потврда дека помеѓу Нејмар и Барселона навистина нешто се случува? (ФОТО)

Добивме ли потврда дека помеѓу Нејмар и Барселона навистина нешто се случува? (ФОТО)

Во претходните денови на големо се шпекулира дека Нејмар ќе се врати во Барселона.

Бразилецот пред две години одлучи да ја прифати понудата од Пари Сен Жермен и да потпише за францускиот клуб. Тогаш Нејмар стана најскапиот играч во историјата, неговиот трансфер изнесуваше 222 милиони евра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меѓутоа Нејмар во две сезони во Париз баш и не се прослави и наводно испратил порака да управата на клубот дека сака да се врати во Барселона.

„Не сакам повеќе да играм за ПСЖ. Сакам да се вратам во Шпанија, не требаше никогаш да заминувам од таму“, наводно биле зборовите со кои Нејмар им се обратил на првите луѓе на ПСЖ.

Целата ситуација дополнително ја подгреа неговиот пријател Габриел Медин со неговиот коментар на Инстаграм. Имено, тој остави коментар на фотографија на која се Лионел Меси и Нејмар. Неговиот коментар гласеше: Не можам да дочекам.

Многумина веруваат дека на некој начин Медина потврдил дека нешто помеѓу Нејмар и Барселона навистина се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …