Фудбалот често пати знае да испише големи приказни, а токму таква е приказната на Мустафа Сисе од редовите на Аталанта.
Ова 18-годишнот момче вчера го постигна единствениот гол во натпреварот против Болоња и за својот тим донесе важни три бода во борбата за излез во Европа наредната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Италија Сисе стигна на само 16 години како бегалец од Гвинеја. Фудбал на „Чизмата“ започна да игра во осмата италијанска лига во тим кој е составен исклучиво од лица кои бараат азил. Токму во овој тим го забележаа скаутите на тимот од Бергамо.
Договорот со Аталанта Сисе го потпиша пред само еден месец и тогаш се пресели во академијата на италијанскиот тим, а набрзо доби место и во првиот тим. Ремито со Џенова (0:0) го преседе на клупата, а вчера против Болоња доби шанса во 65. минута и ја искористи на вистински начин, погоди после само 17 минути на теренот.
Moustapha Cissé made his Serie A debut tonight, scoring in a 1-0 win for @Atalanta_BC.
— FIFA.com (@FIFAcom) March 20, 2022
He was signed by the youth academy last month, spotted playing for ASD Rinascita Refugees, a club of foreign players seeking asylum in Italy, who play in the 8th tier.
What a story. pic.twitter.com/l37sozz4v5