Јувентус се уште нема одлучено кој ќе го замени Макс Алегри на менаџерската позиција.
Се очекуваше дека Старата дама името на новиот тренер ќе го објави веднаш по крајот на сезоната, но тоа не се случи. Со Јуве се поврзуваат неколку имиња, но според многумина на крајот тоа ќе биде Сари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сари претходното лето го превзема Челси, но после само една година би можел да се врати во Италија. Медиумите од Апенините веќе неколку пати пренесоа дека Сари ги прифатил условите на Јувентус, но проблем прави Челси.
Во лондонскиот клуб не сакаат толку лесно да ја раскинат соработката и да го пуштат Сари да замине во Торино. Сан објави дека тоа ги налутило челниците на италијанскиот клуб бидејќи имале ветување дека Сините нема да прават проблем.
Директорот на Старата дама, Фабио Паратичи денеска отпатува во Лондон да разговара со челниците на Челси. Сака да ги убеди да го пуштат Сари без обештетување, што очигледно тоа на нив не им одговара.
Сари може веднаш да замине ако Јуве плати пет милиони евра, но Старата дама им го нуди Игуаин на позајмица без никава плаќања. Дали ќе успеат да се договорат останува да видиме.