Дома Топ вести Директорот на Јуве ја заборави трансфер листата во ресторан и ги откри сите имиња! (фото)

Директорот на Јуве ја заборави трансфер листата во ресторан и ги откри сите имиња! (фото)

Неверојатна вест ни доаѓа од Италија – спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи во еден ресторан во Милано го заборави списокот со трансфер целите на клубот.

Тој лист стигна до медиумите, кои до детал ги открија сите планови на старата дама!

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На трансфер листата на Јувентус се наоѓаат Киеза, Заниоло, Тонали, Ромеро… притоа пишани се и сумите кои „бјанконерите“ се спремни да ги потрошат за овие играчи.

Тинејџерот на Рома Заниоло вреди 40 милиони евра, Киеза 50 милиони, а Тонали и Ромеро по 20 милиони. На листата е уште и играчот на Салзбург Доминик Собослаи кој чини 10 милиони евра.

На дригата страна од листот до името на Миралем Пјаниќ стои Сергеј Милинковиќ-Савиќ, што би требало да значи дека Србинот ќе го замени Босанецот во тимот следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…