Дома Топ вести Директорот на Дортмунд: Не се откажуваме од Белингам

Директорот на Дортмунд: Не се откажуваме од Белингам

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел се уште се надева дека Џуд Белингам може да остане во клубот.

За Англичанецот постои огромен интерес од многу европски гиганти и според медиумите сигурно ќе си замине ова лето.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Ќе направиме се што е можно за да го задржиме Белингам, бидејќи сме амбициозни и сакаме да ги задржиме најдобрите фудбалери. Се уште нема никаква одлука, бидејќи нема ништо конкретно. Нема понуди“, изјави Кел.

„Треба да бидеме подготвени за различни сценарија, но немаме поставено краен рок. Верувам дека битката за него ќе се забрза по завршувањето на сезоната, но сметам дека имаме шанси да го задржиме“, додаде спортскиот директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…