Барселона синоќа беше поразена во полуфиналето на Суперкупот, по спектакуларниот пресврт на Атлетико Мадрид.
Овој пораз ја наруши атмосферата во Барселона, а медиумите тврдат дека Валверде ја загубил довербата од раководството и веќе во понеделник ќе биде бивши.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Каталонските медиуми денес пренесуваат дека генералниот директор на Барса, Оскар Грау и спортскиот директор Ерик Абидал отпатувале во Катар на средба со легендара на клубот, Чави Ернандес.
Раководните луѓе имале разговор со легендата и ја испитувале можноста за негово враќање во Барса како главен тренер во блиска иднина.
Чави е тренер на катарски Ал Сад и уште во првата сезона го иосвои Суперкупот, а не крие дека еден ден сака да ја води Барселона.
Прв избор на претседателот Бартомеу е холандскиот стратег Роналд Куман, но проблем е што Холанѓанецот може да дојде на Камп Ноу дури на лето по завршувањето на Европското првенство.