Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона изјави дека не е баш задоволен од она што Мурињо го прави на „Олд Трафорд“.
Мурињо лошо ја започна новата сезона во Премиер лигата, а летниот преоден рок кој го одработи Јунајтед е за заборав. На Португалецот не му оди во прилог и тоа што е во лоши односи со сопствениците на клубот и во последно време на Островот на големо се шпекулира за негов отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По повод таквата ситуација се огласи и поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Ерик Кантона кој призна дека не може да биде задоволен со работата која ја одработува Мурињо. Кантона призна дека би било многу подобро доколку место Португалецот клубот го довел, Пеп Гвардиола.
„Знам дека се уште е само почеток на сезоната, но ова што се случува не е добро. Играта навистина ни е ужасна, тренерот бара погрешни работи од играчите. Нема никаква врска со креативноста и забавата. Мурињо ми се допаѓа, но тој не е тренер за Јунајтед. Многу подробро ќе беше ако клубот го доведеше Гвардиола, но тој работи одлично клуб на кој не можам да му го изговорам името“, изјави Кантона.