Со враќањето на Ненад Бјелица на клупата во Динамо Загреб се надеваат дека доаѓаат подобри денови за клубот. Претходно тренерот Јакировиќ беше отпуштен по поразите од Хајдук и Славен Белупо во првенството и историскиот дебакл против Баерн од 9:2 во Лигата на шампионите.
Според последните информации клубот работи и на засилувањата, па така би можеле да се засилат со Брендон Вилијамс. Станува збор за фудбалер кој минатото лето го напушти Манчестер Јунајтед откако му истече договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Манчестер Јунајтед од каде што потекнува запиша 51 настап, а како позајмен фудбалер настапуваше уште во Норвич и Ипсивч.
Во Премиер лига има 47 настапи и еден постигнат погодок и во овој момент се уште е без клуб па Динамо би можел уште веднаш да го доведе и да не го чека јануарскиот преоден рок.