Македонскиот голман Столе Димитриевски подолго време е стандарден на голот на шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано.
Димитриевски подолго време е прв голман на репрезентацијата на Македонија и во новата година за шпанските медиуми порача дека главна желба му е пласман со нашата репрезентација на Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најважно во 2020 година ми е да се пласирам со Македонија на Европското првенство. Исто така приоритет ми е што подобар пласман во Рајо Ваљекано“, изјави македонскиот голман за шпанските медиуми.
Димитриевски во Рајо пристигна во Рајо, во текот на летото се поврзуваше со неколку клубови, но на крајот остана во клубот од Мадрид.