Аргентинскиот стратег на клупата на Атлетико Мадрид пречкрта две имиња и тие во јануарскиот трансфер период ќе го напуштат неговиот тим, пренесува шпанскиот весник „AS“.
Атлетико во јануари ќе мора да продаде двајца фудбалери за да ги исполни условите на финансискиот фер плеј и за да може да ги регистрира Диего Коста и Витоло. На крајот изборот падна на Николас Гаитан и Кевин Гамеиро. Симеоне повеќе не смета на овие двајца фудбалери и тие во јануари ќе си побараат нов клуб.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Потсетуваме, Гаитан во клубот пристигна минатата година од Бенфика за 25 милиони евра, а оваа сезона настапи на пет натпревари, но не запиша ниту гол ниту асистенција. Од другата страна, Гамеиро исто така пристигна летото минатата година и тоа од Севиља за 32 милиони евра, а оваа сезона запиша само 27 минути во шпанската Ла Лига и очигледно е дека деновите во Мадрид му се одбројани.
Освен нив двајца, во конкуренцијата се и Аугусто Фернандез и Лучијано Вието, играчи чии столици сериозно се тресат. Потсетуваме, Атлетико од јануари конечно ќе може да купува нови фудбалери, а тие нивното најголемо купување го завршија пред неколку дена кога го ангажираа Диего Коста од Челзи, но нема да можат да го регистрираат пред јануари.