Дома Трансфер зона Диего Коста тргнува во луда авантура, ќе биде најплатен играч во лигата

Диего Коста тргнува во луда авантура, ќе биде најплатен играч во лигата

Диего Коста, поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, кариерата ќе ја продолжи во Бразил.

Се уште не е официјално, но според пишувањата на релевантни медиуми ширум светот, Коста го избрал Палмеирас, кој неодамна настапи на Светското клупско првенство во Катар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Бразилецот кој игра за шпанското знаме ќе потпише двегодишен договор и ќе добива два милиони евра по сезона, со што ќе стане најплатениот фудбалер во Бразил.

За Диего ова ќе биде прво искуство во Јужна Америка откако неговата кариера започна во португалскиот фудбал.

Дефинитивно ќе има вистински предизвик бидејќи Палмеирас ќе ја брани титулата освоена во Рио де Женеиро против Сантос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Трент: Како и да бидам пречекан на “Анфилд”, секогаш ќе го сакам Ливерпул

Во вторник Реал Мадрид гостува на Ливерпул во Лигата на шампионите, што значи дека Трент А…